Незадоволни и под стрес: Над една третина од Германците би ги смениле работните места

Во Германија, 37 отсто од работниците размислуваат за промена на работните места оваа година, покажува истражувањето нарачано од компанијата за анализа на персоналот со седиште во Хамбург Њу Ворк. Исто како што многумина од нив размислуваа за нова работа минатата година.

Најголем дел од оние кои се подготвени да го напуштат старото работно место и да преземат нови предизвици се млади луѓе на возраст од 18 до 29 години (48 проценти), а потоа следи групата на луѓе на возраст меѓу 30 и 49 години (40 проценти).

Од друга страна, меѓу оние кои би го смениле работодавачот, само 19 отсто се постари од 50 години. Подготвеноста за промена на работните места е висока и покрај актуелната економска криза и неодамнешните потреси поради пандемијата на Ковид-19, објасни Френк Хаслер од Њу Ворк, објави Н1 Словенија.

„Компаниите мора да бидат свесни дека идните генерации се поагилни и имаат различни приоритети“, нагласи тој. Така, меѓу оние кои се подготвени да го сменат работодавачот, 47 отсто се оние кои би се решиле на тоа поради повисока плата. 57 отсто размислуваат за повисока плата поради високата инфлација.

Незадоволството поради стрес е една од најчестите причини за планирање на промена на работата. 42 отсто од жените и 33 отсто од мажите изјавиле дека се преоптоварени на работа секој ден. Истражувањето беше спроведено во Германија минатиот месец. Опфати 3216 луѓе. Инаку, германскиот пазар на труд во последниот период е во добра состојба, иако невработеноста во земјата во јануари порасна за 0,3 процентни поени на 5,7 отсто, покажуваат податоците објавени оваа недела од Федералната агенција за труд.

Официјално, 2,6 милиони луѓе биле без работа, што е за 162.000 повеќе отколку во декември, но за 27.000 помалку отколку во истиот период од 2021 година. Според сезонски прилагодените податоци, бројот на регистрирани како невработени минатиот месец е зголемен за само 2.000 во однос на декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот