Незадоволни, бараат играчите да си одат од Јувентус!

Незадоволни од сето тоа што се случуваше во изминатиот период, Марио Манџукиќ и Емре Џан побараа уште во јануари да си заминат од италијанскиот шампион.

– Тоа беше екстремно шокантно. Повикот преку кој ми ја соопштија таа одлука не траеше ниту минута, ниту ми дадоа објаснување. Тоа ме прави лут и незадоволен. Ќе разговарам со клупското раководство кога ќе се вратам во Торино. Тренерот не беше искрен спрема мене, да ја знаев порано оваа информација, немаше повеќе да бидам дел од Јувентус – рече Џан.

Се шпекулира дека за него нема повеќе место во Торино, но и самиот не се гледа во клубот.

Хрватскиот напаѓач исто така сака да си оди, а тој веќе летово доби неколку понуди и се очекува во зимскиот период да го напушти италијанскиот шампион.

Не е исклучена можност да направи трансфер во Премиер лигата, интерес за неговите услуги покажува Вест Хем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот