Незаборавни љубовни приказни што ја сменија историјата

Instagram
принтскрин

Љубовта секогаш е проследена со малку магија, без оглед кога и каде се случува. Едноставно, вашиот свет се менува. Љубовта ги трансформира луѓето. А секоја љубов, е приказна за себе.

Историјата е полна со фасцинантни љубовни приказни. Љубовници кои се соочиле со огромни препреки, одлуки кои им помогнале да ги надминат или да им подлегнат на истите. Приказните кои се вредни за сеќавање се токму оние кои раскажуваат за храбрите љубовници кои останале заедно покрај сè, докажувајќи дека нема ништо посилно од љубовта.

Хенри VIII и Ен Болејн

Додека историчарите велат дека многу фактори ја трансформирале Англија во протестантска нација, легендите велат дека минливата, но интензивна љубов на Хенри VIII кон харизматичната млада жена по име Ен Болејн, имала силно влијание во тоа. До 1525 година, средовечниот монарх жалел по својата прва сопруга, благочестивата и неизмерно популарната Катерина од Арагон, која не успеала да му донесе машки наследник. Неговото љубопитно око застанало на Ен, католик, зајадлива и убава дама, чиј татко бил амбициозен витез и дипломат. За разлика од нејзината сестра Мери, Ен ги одбивала сите додворувачи кои се обидувале да ја заведат особено пак оние кои не ѝ ветувале. Во 1527 година, Хенри побарал од папата Климент VII поништување на бракот со Кетрин, но бил одбиен. Охрабрен од советниците кои биле критички настроени кон католичкиот папа, тој тајно се венчал со Ен во 1533 година, пркосејќи ѝ на Римокатоличката црква и набргу потоа се именувал за поглавар на Англиската црква.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @history_study_time

Александар I од Србија и Драга Машин

Врската помеѓу младиот крал Александар I и 12 години постарата вдовица Драга предизвикала многу полемики и жестоки осудувања во тоа време. И покрај противењето од сите, вклучително и од неговата мајка, Александар ја направил Драга своја кралица. Неговата мајка била протерана од земјата затоа што упорно се противела на бракот. За жал, со сите противења за новата љубовна романса и ширењето гласини за неморалниот чин, почнала да се нарушува меѓународната репутација на земјата и група воени офицери започнале заговор против двојката. Во 1903 година, тие ја нападнале Кралската палата и ги убиле и двајцата.

Наполеон и Жозефина

Приказната за љубовта на Наполеон и Жозефина е многу позната во историјата. Веднаш откако се венчале, Наполеон морал да замине на воени должности во Италија. За време на неговото отсуство, Жозефин почнала да ужива во вниманието на еден поручник со кого започнале љубовна романса. Кога Наполеон го открил неверството, о голема тага за која не знаеле многу луѓе, одлучил да се раздели Жозефин. Набргу, не можејќи да ја поднесе самотијата, се оженил со Мари-Луиз од Австрија, но неговата љубов кон Жозефин никогаш не згаснала и никогаш не успеал да ја преболи. Легендата вели дека последните зборови на Наполеон биле „Франција, армијата, началникот на армијата и Жозефин“.

Шах Џахан и Мумтаз Махал

Доказ за нивната неверојатна љубов е светски познатиот споменик во Индија – Таџ Махал кое денес е едно од седумте чуда на новиот свет. Петтиот владетел од династијата на Могулското Царство, Шах Џахал чувствувал голема љубов кон својата сопруга Мумтаз Махал. За жал, Махал за време на 14 породување, починала на 39-годишна возраст. Царот бил уништен од смртта на својата сопруга. Тој наредил мртвото тело да се однесе во куќата во Агру и ја погребал во градината нво близина на реката Џамна. Неговата тага го инспирирала над нејзиниот гроб да изгради архитектонско ремек-дело какво светот дотогаш немал видено. Царот Џахал ги ангажирал најдобрите архитекти и им наредил да изградат мермерна гробница која ќе служи како вечно почивалиште на неговата сакана сопруга. Набргу по завршувањето на Таџ Махал, Шах се разболел и бил симнат од тронот од неговиот најстар син. Остатокот од животот го поминал во домашен притвор. Кога починал бил погребан покрај сопругата во Таџ Махал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ArtnIndia (@artnindia)

Ланселот и Гвиневер

Гвиневер била омажена со кралот Артур, но таа била лудо вљубена во Ланселот – еден од најверните витези на кралот. Кога Артур дознал за нивната афера, витезите се собрале на тркалезна маса. Тие се поделиле во две групи, едните го поддржувале Артур, другите биле на страната на Ланселот. Но, за жал, тие ја принудиле Гвиневар да се врати кај кралот Артур. Гвиневер била уништена од нивната одлука која никако не можела да ја прифати и наместо тоа одлучила да се замонаши. Набргу потоа Ланселот се откажал од витешките должности и никогаш повеќе не погледнал друга жена, на крај тој станал свештеник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by By Rawaa Talass (@artprojectdxb)

Видео на денот