Невролог од Стенфорд ја открива бруталната вистина за учењето кај возрасните: Како да си помогнеме?

unsplash
unsplash

Многу често кога нешто не можеме да запомнеме веднаш си ги поставуваме прашањата „Што не е во ред со мојот мозок?“ или „Како одеднаш учењето стана неверојатно тешко за мене?“, како и добропознатото „Дали до толку остарев?“

 

Неврологот Ендру Хуберман од Стенфорд, неодамна одговори на овие прашања за сите оние кои сакаат да научат нови вештини кои навидум им изгледаат толку тешки.

Нашиот мозок учи поразлично кога сме повозрасни, но секој од нас може да најде механизми како да го „присили“ или „дисциплинира“ сопствениот мозок.

Ќе почнеме со „лошите вести“. Хемијата на нашиот мозок го олеснува учењето нови вештини кога сме деца и не ни е потребно многу време, од друга страна, пак, во подоцнежните години тоа се одвива малку отежнато.

 

 

Мајката природа нè дизајнирала да научиме што треба да научиме, да се репродуцираме и да умреме“, вели Хуберман, откривајќи ја тешката вистина за учењето кога имате повеќе од 30 години.

Тоа е така, затоа што мозокот е навикнат да го извршува она што до сега веќе го знаете.

 

Коментарот на Хуберман е некако мрачен, но и смирувачки. Ништо не е во ред со „отпорноста“ на вашиот мозок. Стекнувањето на нови комплексни вештини станува попредизвикувачко за сите луѓе кои влегуваат по длабока зрелост од својот живот.

Добрата вест е дека и покрај тоа воопшто не е исклучена можноста за учење нови работи. Едноставно треба да се „присилите“ да научите нешто.

 

Д-р Ендру Хуберман има направено важни придонеси во областите на развој на мозокот и самата функција на мозокот, каква способност има нашиот нервен систем да научи нови однесувања, вештини и когнитивно функционирање.

Тој препорачува пред учење да се обидете да се фокусирате колку што е можно повеќе. За полесно да се фокусирате на учење нови вештини, препорачува да бидете физички активни пр. аеробик, да практикувате техники за дишење, тоа би предизвикало повисоко ниво на адреналин, ацетилхолин. Невроните ослободуваат ацетилхолин, кој главно се јавува за време на детството. Затоа децата учат побрзо.

Со создавање „итност“ и „фокус“, невроните кај возрасните можат да го достигнат истиот капацитет за учење.

По учењето најважен е добриот сон и одмор. Дремнете, пронајдете начин да се опуштите. Така ќе му помогнете на вашиот мозок да ги поврзе новите точки. Има смисла, нели?

Ако можеме да го „натераме“ нашиот мозок како возрасни да се стави во фукнција на „лесно учење“ налик на децата, и примениме ефективни ментални модели, учењето треба да стане многу полесно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот