Невремето во Тетово оштети неколку паркирани автомобили

Фото МИА.мк

Силниот ветер што попладнево неколку часа дуваше во Тетово скрши дрво кое падна врз неколку возила на булеварот „Благоја Тоска” во близина на поранешната стоковна куќа „Тетовчанка”. Дрвото е паднато врз паркирани автомобили, а според првичните информации нема повредени луѓе.

–По дојава во нашата служба, веднаш излеговме на терен каде утврдивме дека силниот ветар соборил дрво кое паднало врз два автомобила. За среќа, во тој момент немало никого во близината па нема повредени лица, туку е направена само материјална штета. Нашата екипа заедно со екипата на ЈКП Тетово веднаш се зафативме со отстранување на паднатото дрво за да се овозможи непречено минување на возилата по улицата, изјави Авни Амети, командир на Противпожарната единица од Тетово.

Додека траеше интервенцијата за сечење и отстранување на паднатото дрво, полицијата го пренасочуваше сообраќајот на булеварот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот