НЕВРЕМЕТО НА ЈАДРАНОТ НЕ ЈА ОДБЕГНА НИТУ АЛБАНИЈА: Огромни бранови и силен ветар направија хаос во Химара (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Топ Чанел

Силното невреме проследено со ветрови го зафати и албанското крајрежје во Химара.

Во видеото кое го објавува Топ Чанел се гледа како големите бранови навлегуваат во брегот на Ливад, кое се наоѓа само пет километри од Химара.

Во меѓувреме поради лошите временски услови и високите бранови, според албанските медиуми, поморскиот сообраќај е прекинат во Валона, како и во Драч.

Претходно, хрватските медиуми информираа дека регионот на Далмација бил погоден од силно невреме, како и повеќе градови на јадранското крајбрежје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот