НЕВРЕМЕ ВО СПЛИТ: 17 литри дожд за помалку од еден час, температурата со пад од 14 степени (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Околината на Сплит била зафатена од силно невреме проследено со дождови, кои предизвикале големи нереди во сообраќајот, пренесуваат хрватските медиуми.

За помалку од еден час во ова невреме наврнале 17 литри дожд по квадратен метар, а температурата забележала пад од дури 14 степени – од 36 на 22 степени Целзиусови.

Невремето било проследено и со силни удари на ветер.

Дождот во Сплит во некои делови паѓал во многу мали количини, додека пак во други не паднала ниту една капка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот