ВИДЕО | Невреме во Русија: За шест часа паднал дожд како за месец дена – сѐ е под вода
Во Јалта за шест часа наврнало онолку колку што врне нормално за еден месец, објави хидрометеоролошкиот центар на Крим. Ситуацијата е тешка, а шефот на локалната администрација, Јањина Павленко, побара помош од командантот на Црноморската флота.
Како што се наведува, од полноќ до шест наутро паднале 42 милиметри дожд, а во некои области дури 84, додека месечната норма е 72 милиметри.
Помалите реки се излеаја од коритото и се слеваа по улиците, а водата се заканува да го загрози и електро-системот.
Прогласена е вонредна состојба и луѓето се евакуираат во некои области. Тие ќе бидат сместени во хотели и одморалишта, и ќе им бидат обезбедени три оброка на ден. Експертите ќе пристапат кон проценка на штетата.
Керч сьогодні епічна pic.twitter.com/y6rHPvpDSa
— Helga (@HelgaKs) June 17, 2021
Поради невремето што претходно го погоди истокот на Крим, 300 домови беа поплавени. Керч исто така беше тешко погоден.
Скоро 1.400 лица се евакуирани од поплавените подрачја на Крим, соопшти денеска Одделот на руското Министерство за надворешни работи за Крим.
Меѓу евакуираните има 238 деца.