Невреме во Неготино: Поплавени неколку објекти во градот

Фото: МИА

Поплавени се неколку објекти во Неготино, како последица на невремето кое попладнево го зафати градот, а на пожарникарите на помош им дојдоа и колегите од Кавадарци.

Оваа информација ја потврди Иле Илиев, командир на неготинската Територијална противпожарна  единица.

– Со пумпи  црпевме вода од неколку објекти во градот. Дадовме се од себе за најдобро што можеме да се справиме со последиците од невремето и веќе сме при крај со сите објекти. Некои, поради местоположбата, редовно се на удар кога има поголеми количини вода – нагласи Илиев.

Според него, веднаш интервенирале и комуналните работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот