НЕВРЕМЕ ВО МОСТАР: Скршени стебла и оштетени автомобили по улиците (ФОТО+ВИДЕО)

Невремето кое ноќеска го зафати Мостар, кршело стебла, а оштетени се и неколку автомобили.

Во невремето, пренесува сараевскиот портал Кликс, никој не бил повреден, а пожарникарите од Мостар утринава отстраниле поголем број од срушените дрва.

На местата каде е пријавена материјална штета излегле полициски службеници.

Обилни дождови ноќеска паѓаа и во Црна Гора.

Тоа е последица на влијанието од ладната воздушна маса, што го услови и падот на температура, која се движи помеѓу 10 и 22 степени, рекла метеорологот Тања Мирковиќ.

Според нејзините зборови, најмногу дожд ноќеска паднало на подрачјето на Цетиње (35 литри), Подгорица (21), Колашин (20), а во останатите делови на земјата под 20 литри по квадратен метар. Мирковиќ за РТЦГ рекла дека врнежи, од умерени до обилни, како и грмотевици се очекуваат и во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот