Невреме со силен дожд и град го зафати Кичевско

Невреме во Кичево фото МИА

Доцна попладнево Кичево и Кичевско ги зафати силно невреме проследено со силен ветер од северен правец и дожд, а во пократок период и град.

За час, градските улици се претворија во вистински реки, сообраќајот се одвиваше отежнато, а беше невозможно пешаците да се движат од силните млазеви на вода кои ги создаваа автомобилите при побрзо движење.

– По подолго време конечно заврна дожд и во нашиот град и регион. Силниот ветер и дождот можеа да направат многу штета, но за среќа беа нешто пократки, а градот кој почна да паѓа за час престана и ги спаси зеленчукот и овошјето од поголеми штети. Овој дожд барем накратко го симна од дневен ред прашањето на пожарите во нашиот регион, кои за наша среќа речиси и ги нема. Во нашата населба која е на најниска кота во градот, од силниот дожд се наполни со вода улицата во нејзиниот средишен дел, изјави Петре Тренески, жител на Кичево.

Видео на денот