Невреме и поројни дождови и во југоисточните делови од земјава

Изминатово попладне покрај поројните дождови во Скопје, кратко невреме ги зафати и југоисточните делови од земјава.

Поинтензивна нестабилност со појава на град имало во југоисточните делови, Струмица, Радовиш, како  и во Пелагонија, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во моментов владее нестабилност во форма на невреме со пороен дожд и грмежи, а според радарската слика и со појава на град.

Процесите засега се поинтензивни во источниот и југоисточниот дел од котлината, но во наредниот час можно е да биде зафатена и целата територија на главниот град.

Нестабилно ќе се задржи и до крајот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот