Невработеноста во САД се искачи на рекордно високо ниво

Зголемувањето на бројот е последица на одлуките на властите низ целата земја да се затворат рестораните, баровите, кината, хотелите и спортските сали во обид да се забави ширењето на смртоносниот вирус.

Повеќе од 6,5 милиони Американси аплицирале за искористување на надомест за ублажување на економската криза поради престанок на работа како последица на борбата за справување со корона вирусот.

Со ова е соборен рекордот од минатата недела кога беа поднесени 3,3 милиони барања.

За споредба, пред кризата со корона вирусот претходниот рекорд изнесуваше 695 илјади и беше поставен во 1982 година.

Зголемувањето на бројот е последица на одлуките на властите низ целата земја да се затворат рестораните, баровите, кината, хотелите и спортските сали во обид да се забави ширењето на смртоносниот вирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот