Невработеноста во САД повторно на најниско ниво во последните 50 години

Њујорк, САД / Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Економијата на САД додаде 528 000 работни места во јули, двојно повеќе од очекуваните 250 000, а стапката на невработеност падна за 0,1 поен на 3,5 отсто, враќајќи се на најниското ниво во последните 50 години од февруари 2020 година.

Аналитичарите очекуваа малку повисока стапка на невработеност за јули – 3,6 проценти – како што беше во јуни. Вработеноста достигна 62,1 отсто, останувајќи за 1,3 процентни поени под нивото од февруари 2020 година.

Просечната заработка на час порасна со годишна стапка од 5,2 отсто. Бројот на отворени работни места за претходните два месеци беше ревидиран нагоре, од 384 000 на 386 000 во мај и од 372 000 на 398 000 во јуни, соодветно. За двата месеци корекцијата е вкупно +28 000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот