Невработен родител на дете со попреченост ќе добива траен надоместок од државата

Министерството за труд и социјална политика ќе воведе траен надоместок за невработен родител кој се грижел за дете со попреченост до неговата 26 годишна возраст без да го смести во институција.

Право на овој надоместок ќе имаат родителите кои се невработени и не користат право на пензија. Надоместокот ќе може да го користат, по наполнување на 62 години за жена, односно 64 години за маж.

– Со социјалната реформа се унапредуваат правата на лицата со попречености, но и на семејствата коишто се грижат за нив. За разлика од досегашната пракса, со која само се трансферираа финансиски средства до крајните корисници без притоа да добијат соодветна услуга, сега се става акцент на развојот на услугите кои ќе ја подобрат поддршката и негата , но и ќе ја зголемат независноста на лицата со попрченост и нивната вклученост во општеството – соопштуваат од Министерството.

Биолошките семејства кои имаат деца со попреченост, нагласуваат оттаму, како поддршка веќе имаат зголемен износот на утврдената висина на правото на посебен додаток за 15 проценти.

– Со новиот закон ја развиваме и услугата за одмена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив – информираат од Министерството.

Користењето на правото за попреченост, со новиот закон се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува до 50 отсто од просечна нето плата. Се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост – лична асистенција и услугата домашна нега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот