Невозможна пита: Неодоливо едноставен десерт со кокос

impossible pie
Impossible Pie / Фото: Ana-Maria Tegzes / Alamy / Profimedia

Невозможната пита“ е толку лесна за подготовка што е речиси „невозможно“ да го утнете рецептот. Овој рецепт потекнува од САД, а омилен е и во Австралија каде традиционално се служи со кафе и топка сладолед. Добро е да се има предвид дека питата ќе нарасне за време на печењето, а потоа, штом ќе почне да се лади, ќе „спласне“.

За полесно да се исече, можете да ја оставите во фрижидер да се стегне пред да ја послужите. Иако најчесто се подготвува со кокос, невозможната пита е омилена и со јаболка, лимон, па дури и со зеленчук, како спанаќ и блитва.

Состојки:

– 4 јајца
– 3/4 шолја шеќер
– 4 лажици омекнат путер
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 1/2 лажичка мелено морско оревче
– 1/2 чаша брашно
– 2 чаши млеко
– 1 шолја кокос

Impossible pie / Фото: Ana-Maria Tegzes / Alamy / Profimedia

Подготовка:

Јајцата, шеќерот, путерот и ванилата се матат со миксер. Додадете ги мускатно оревче, брашното и млекото и убаво измешајте. Со лажица измешајте го кокосот. Ставете малку масло на садот за печење и истурете ја смесата. Питата се пече во загреана рерна на 180 степени околу 55 минути. Користете чепкалка за заби за да проверите дали е готова, па извадете ја да се излади. Декорирајте по желба и послужете дури откако добро ќе се олади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот