Неволјите на Вучиќ: Лавров му доаѓа во посета, ама треба да го прими и Олаф Шолц

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не ја исклучува можноста посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Белград, закажана за 6 и 7 јуни, да ја загрози посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц на 10 јуни. Шолц доаѓа во посета и на Грција, Северна Македонија и Бугарија во тој период на мини балканска турнеја.

„Не исклучувам ништо“, изјави Вучиќ на новинарите на прашањето дали претходно договорениот дводневен престој на Лавров во Белград може да ја загрози посетата на шефот на германската влада.

По посетата на украинските бегалци во Центарот за азил, Вучиќ потврди дека посетата на Лавров била планирана и дека „се е закажано“ во однос на протоколот.

„Се е во ред, но има некои други проблеми… Ќе видиме во наредните денови. Бидете трпеливи ден-два и ќе видиме. Можно е се да биде во ред, можно е да не биде“, одговори Вучиќ.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова претходно денеска најави дека шефот на руската дипломатија ќе престојува во дводневна посета на Србија на 6 и 7 јуни.

Посетата на Лавров доаѓа во време на притисок од западните земји и Европската унија врз Србија да се приклучи на меѓународните санкции против Русија, а најавата за неговото доаѓање е придружена со пораки од српската опозиција до државниот врв дека посетата е несоодветна за време на руската инвазија на Украина.

Последна во низата реакции е изјавата на Здружението Руси, Украинци, Белоруси и Срби заедно против војната, во која се вели дека „за агресорот нема место во Србија“ и го повикуваат српскиот претседател и државниот врв да го откажат гостопримството на Лавров.

Приемот на висок руски функционер во официјална билатерална посета ќе биде обележан со јасно отсуство на осуда на агресијата и емпатија за страдањата на луѓето во Украина, српската страна со агресорите и поништување на гласањето на Србија во ОН за резолуција со која се осудува руската агресија врзУкраина.

Како што соопшти Захарова на денешниот брифинг со новинарите, Лавров во Белград ќе се сретне со Вучиќ,  со министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, и со претседателот на Собранието Ивица Дачиќ, како и со српскиот патријарх.

Предвидено е теми на разговорите да бидат политичката и економската соработка меѓу Русија и Србија и „другите актуелни прашања од меѓународната политика“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот