Неволји за Челси, еден сака во Реал, друг во Барселона - Слободен печат
СпортФудбал

Неволји за Челси, еден сака во Реал, друг во Барселона

Шпанските гиганти заинтересирани за двајца играчи на англискиот тим.

По сè погласните најави дека Еден Азар како ќе се ближи крајот на сезоната ќе инсистира на трансфер во Реал Мадрид, сега се појави и Барселона, која сака да ангажира фудбалер на Челси.

Барселона е заинтересирана за услугите на бразилскиот репрезентативец Вилијан, кого сакаше да го ангажира и минатото лето. Бразилецот кој има 31 година, веќе неколкупати јавно го искажа својот револт од статусот во тимот бидејќи сезонава добива помалку шанси да игра за Челси, со оглед на тоа што тренерот Маурицио Сари сè повеќе шанси му дава на младиот Хадсон-Одо. Лоша работа за Челси е што договорот му истекува идната година и доколку сака да заработи, ќе мора да го продаде ова лето.

Барселона е подготвена да плати не повеќе од 20 милиони евра за услугите на Вилијан, кој би го заземал местото на неговиот сонародник Фелипе Кутињо. Курињо не ги оправда вложените 150 милиони евра и налето ќе биде продаден во ПСЖ или во Манчестер јунајтед за 100-тина милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close