Невнимание на возачот причина поради која автомобилот утринава заврши во Охридското Езеро

Фото: МИА

Невнимание е причина за несекојдневната случка, кога автомобил утринава заврши во водите на Охридското Езеро.

Увидот на полицијата за утврдување на околностите под кои возилото марка „Пежо”, со охридски регистерски таблички, завршило во езерото покажа дека жената која управувала со возилото, го паркирала автомобилот пред поранешното музичко училиште на кејот на Охридското Езеро, а потоа го напуштила без соодветно да го обезбеди, односно не ја кренала рачната сопирачка.

Конфигурацијата на теренот, односно косината на паркинг-местото, била причина возилото да се придвижи нанапред и да заврши во езерската вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот