Невил знае кој е најзаслужен за титулата на Ливерпул! (ВИДЕО)

фото:твитер

Според екс играчот на „црвените ѓаволи“ Алисон е причината за успешните резултати на клубот од „Енфилд“ сезонава…

Од среда официјално ќе продолжи сезоната во Премиер лигата, а многу блиску до освојување на титулата после три децении е екипата на Ливерпул. Голем број на фудбалски фанови веќе ги прогласија Редси за шампиони, а помеѓу нив е и една од легендите на Манчестер јунајтед, Гери Невил.

Воедно многумина сметаат дека напаѓачите покрај Ван Дајк се главните „виновници“ за успешните резултати на клубот од „Енфилд“, но Невил не мисли така.

Мислам дека голманот Алисон е причината за титулата на Ливерпул. Кога луѓето зборуваат за Ван Дајк како дел кој недостасуваше, верувам дека тука има вистина. Од друга страна, кога ќе погледнете две или три години подоцна, бев навистина критичен по прашањето околу голманската позиција на Ливерпул.

Реков дека никогаш нема да ја освојат лигата со тогашните голмани. Кога дојде Алисон, го видов тоа во Јунајтед со Шмајхел, а потоа и со Ван Дер Сар. Кога голманот ти е мирен, авторитетен, ги брани ударите, тоа дава самодоверба на тимот и ефектот е неверојатен – рече Невил.

Во среда (17 јуни) на програмата се два натпревари, Астон Вила-Шефилд јунајтед и Манчестер сити-Арсенал, а во недела (21 јуни) играчите на Клоп му гостуваат на Евертон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот