Невил: Манчестер јунајтед нема да биде шампион, тоа е чудна екипа

Бруно Фернандеш не реализираше пенал за реми против Астон Вила/Манчестер, Велика Британија/25 септември 2021/Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Манчестер јунајтед изненадувачки загуби на домашен терен од Астон Вила со 1:0 во саботата во шестото коло од Премиер лигата и на тој начин не успеа да го преземе врвот на табелата.

Тимот на Оле Гунар Солскјер играше слабо, а Бруно Фернандеш промаши пенал во судиското надополнување. Експертите го критикуваа Јунајтед за играта, а на критиките им се придружи и легендарниот дефанзивец на тој клуб, Гери Невил.

– Јунајтед нема да биде шампион. Тоа го зборував и кога победуваа и кога Роналдо постигнуваше голови. Тие едноставно не играат доволно добро како тим, а тоа е клучот за освојување на оваа лига. Тимот мора да биде кохезивен и кога игра со топката и без неа. Играчите мора да имаат јасен план и стил на игра, а јас засега гледам само група на добри индивидуалци.

Има многу нови играчи како Роналдо, Санчо и Варан. Тие мора да се прилагодат, но и да се обидат да станат дел од тимот. Само во такви околности можете да победувате на натпревари дури и кога не играте добро. Чуден е тимот, за мене тие само на моменти се однесуваат како победнички тим. Погледнете ги Челси, Сити и Ливерпул. Тие се екипи во целосна смисла на зборот, кои постојано даваат сè од себе. Не велам дека Јунајтед не се труди, но Оле мора да започне од поединци за да го состави тимот – вели Невил.

Јунајтед победи само на еден во последните четири натпревари во сите натпреварувања, против Вест Хем во првенството со 2:1, кога Марк Нобл утна пенал за реми. Пред тоа, Јунајтед загуби од Јанг Бојс на отворањето на Лигата на шампионите, потоа од Вест Хем во Лига купот и сега од Астон Вила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот