НЕВИДЕНО: Француски туристи ги облекоа „жолтите елеци“ во Албанија и излегоа на протести

Топ Чанел

Хаосот низ патиштата и непочитувањето на сообраќајните правила ги донесоа „жолтите елеци“ и во Албанија. Станува збор за група француски туристи кои се иритирале од начинот на кој албанските возачи се обидуваат да ги завршат своите работи на брзина.

На царината на Хани и Хотит, во северниот дел на Албанија, француските туристи ги облекоа жолтите елеци, симболот на протестите во Франција и блокираа дел од патот. Тие се обиделе да ги блокираат возачите кои не чекале ред туку поминувале на другата лента за да излезат први.

Иако на крајот „победија“ албанските возачи, пораката на француските туристи беше пренесена, јавува Топ Чанел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот