НЕВИДЕНА НЕСРЕЌА: Со „порше“ влета на втор кат од деловен објект (ФОТО)

Фото: Твитер/jerzstevе

Две момчиња загинаа во тешка сообраќајна несреќа во неделата, кога возач на автомобил „порше“ изгубил контрола над возилото и завршил на втор кат од деловен објект. Несреќата се случи во градот Томс Ривер во американската сојузна држава Њу Џерси, пренесе „Вечерњи“.

Момчето на 22-годишна возраст со возилото првенствено удрило во тротоарот кој ја дели спротивната коловозна лента, а потоа автомобилот се одбил во еден насип. Од силината на ударот, „поршето“ летнало кон зградата, го пробило ѕидот и завршило на вториот кат од објектот.

И возачот и патникот во возилото загинале на местото на настанот, а досега не е познато со која брзина се движеле пред да се случи несреќата.

Градежни инспектори велат дека деловниот објект во кој автомобилот се удрил мора да се сруши, поради тешки оштетувања на конструкцијата, пишува „Метро“.

Инаку, објектот се наоѓа спроти едно основно училиште, но за време на инцидентот немало деца во близина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот