НЕВИДЕН ГРАБЕЖ ВО ПАРИЗ: Краделе од вински подрум, од вредноста на УКРАДЕНОТО ВИНО ќе ви се сврти – Слободен печат
ВестиПланета

НЕВИДЕН ГРАБЕЖ ВО ПАРИЗ: Краделе од вински подрум, од вредноста на УКРАДЕНОТО ВИНО ќе ви се сврти

Украдени се најмалку 150 шишиња скапо вино

Најмалку 150 шишиња од скапо вино, кое се проценува дека вкупно вреди 400.000-600.000 евра, се украдени од еден ресторан во Париз.

Крадците успеале да влезат во винскиот подрум на ексклузивниот ресторан Мезон Ростан, во близина на Триумфалната капија, така што ископале дупка со пречник од околу 60 сантиметри. Тоа што се изведувале градежни зафати само им ја олеснило целата работа.

Низ истата дупка успеале да извлечат 150 шишиња вино, меѓу кои имало и „Роман Конти“ и „Петрис“, кои се едни од најскапите во светот.

За овој случај е отворена истрага од страна на полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close