Невеста поради која сите „умираа“ од смеење: Наместо да се заколне на вечна љубов, ја кажа изјавата на векот!

Фотографија: Facebook

Нервозата понекогаш од вас може да го извлече и најдоброто, а тоа се непланираниот хумор и изјавите кои гостите на венчавката ќе ги кажуваат со години.

Тревор и Џордан имаат дефинитивно најдобра приказна од венчавката и фотографија што ќе потврди дека ни свештеникот не остана рамнодушен.

Имено, за време на кажување на заветите пред Бог и луѓето, возбудената Џордан го стави прстенот на раката од својот сопруг и изговори: „Земи го овој прстен како знак на мојата љубов и плодност“.

"When you accidentally say, 'Take this ring as a sign of my love and FERTILITY.'The priest's face is priceless. I…

Publiée par Love What Matters sur Lundi 25 septembre 2017

Плодност?

Пријателите, семејствата и новопечениот пар прснаа од смеа, бидејќи Џордан мислејќи на верност изговори плодност.

„Се колнам дека не знам ништо во врска со нејзината плодност“, додаде свештеникот.

Виралната фотографија измами голем број насмевки на корисниците кои во коментарите споделија приказни од своите венчавки и венчавките на кои присуствувале.

„Заветот на плодноста“ е моментално најдобрата приказна од венчавка која постои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот