Неверојатно: За ИХФ, Словенците сами се виновни за труењето со храна

epa08962995 Slovenia's Nik Henigman (C) and teammates react after the Main Round match between Slovenia and Egypt at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 24 January 2021. EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany / POOL

Ракометарите на Словенија се жалеа на стомачни проблеми во пресрет на одлучувачкиот натпревар со Египет.

Токму меѓусебната пресметка со Египет одлучуваше која репрезентација ќе оди во четвртфиналето на Светското првенство, а на Словенија и одговараше победа додека другуте резултати му одговараа на домаќинот на Мундијалот.

Натпреварот заврши без победник 25:25, а потоа ракометната федерација на Словенија објави дека дури 14 ракомети имале здравствени проблеми и обивни дека тоа не е случајност.
Словенците притоа ја поткачија и Светската ракометна федерација (ИХФ), која денеска им одговори.
„ ИХФ побара од египетските власти да спроведат истрага за да тоа дали станува збор за труење со храна по што ја известивме Словенија за резултатите од истата. Еден словенечки ракометар се пријави во клиниката во хотелот велејќи дека има проблеми со желудникот и со дијареа и таму доби лекарска нега. Потоа на лекарот на словенечката делегација му е кажано дека 14 ракометари имаат слични проблеми и дека и останатите репрезентатиции се соочуваат со истото. Кажано е дека станува збор за труење со храна. Кога лекарот во хотелската клиника  ги повика ракометатите на преглед, тоа е одбиено од страна на лекарот на репрезентацијата. Исто така им е понудено играчите кои имаат проблеми да бидат пренесени во болница, но и тоа е одбиено. Секоја помош е одбиена“, објави ИХФ.

ИХФ исто така напоменува дека не примиле ниту една поплака за храната од останатите учесници на Мундијалот, а притоа потенцира дека репрезентативците на Белорусија ја делеле шведската маса со Словенците.
„Што се однесува до самиот натпревар, Словенија играше добро и покрај тврдењата дека има девет играчи со здравствени проблеми. На почетокот од второто полувреме водеа и на теренот не изгледаше дека се болни“.

Директорот на данската репрезентација Мортен Хенриксен изјавил дека постојат докази и фотографии на кое се гледа дека словенечките ракометари порачувале храна надвор од хотелот и јаделе пици, но тоа го демантира словенечката делегација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот