Неверојатно, удар на гром повреди шест лица на турнир во голф

Шест гледачи се повредени откако гром удрил во дрво на ФедЕкс Купот во Атланта, турнир во голф во прганизација на професионалната голф асоцијација (ПГА).

Несреќата се случила половина час откако организаторите поради лошото време го прекинале турнирот. Поголем дел од гледачите одлучија од силниот дожд да се задолнат под дрвата, а во едно од нив удрил гром по што повредил шест гледачи. Тие се здобиле со изгореници и веднаш се однесени во болница, но нема информации за нивната состојба.

– На семафорите напишавме предупредување дека се приближува невреме за да можат гледачите да се засолнат. Им овозможивме да ги користат просториите на турнирот, но некои одлучија да останат на терените и да се засолнат под дрвата. Жалиме за несреќата и им посакуваме што побрзо да оздрават – изјави потпретседателот на ПГА, Марк Расел.

На сличен начин во 1991 година починаа две лица во САД. Една на турнир во голф во Индијана, а друга во Минесота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот