Неверојатно тврдење на Лапорта: Се надевав дека Меси ќе остане и ќе игра за џабе

Лапорта откри дека долгот на Барселона е зголемен на 1.5 милијарди евра/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта, во интервју за Радио Каталонија повторно потврди дека состојбата во клубот е тешка, а зборуваше и за Лионел Меси кој изминатото лето по 20 години си замина од „Камп Ноу“ и потпиша за ПСЖ.

Лапорта открива дека се надевал оти Меси ќе остане во Барселона и ќе игра за џабе.

– Не му се лутам на Меси, знам дека имаше голема желба да остане. Но, исто така беше и под голем притисок поради понудата од ПСЖ. Сите знаевме дека Меси има моќна понуда, но јас до последен момент се надевав дека ќе остане во Барселона да игра бесплатно. Мислам дека и Ла Лига немаше да ни прави проблеми, но не можевме тоа да го бараме од играч каков што е Меси – рече Лапорта и потоа додаде:

– Така мислев и се надевав бидејќи го познавам Лео. Меси стана член на првиот тим на Барселона кога јас бев претседател, многу му помогнав на неговото семејство. Знаев дека се ќе му вратам кога нашата финансиска состојба ќе се стабилизираше. Немаме долгови кон его, можеби некои концепти остануваа, но ќе платиме според договорот.

Лапорта потоа зборуваше и за актуелната финансиска ситуација во Барселона и откри дека долгот сега изнесува 1.5 милијарди евра.

Тој исто така напомена дека Роналд Куман ќе остане на клупата иако екипата игра многу лошо од стартот на сезоната.

Видео на денот