Неверојатно, Шпанците не губат во европско финале
Секој пак кога шпанска екипа ќе обезбеди пласман во финале на Лигата на шампионите или Лигата на Европа, не знае што е пораз.
Статистиката покажува дека од 2002 година кога една шпанска екипа ќе обезбеди пласман во финалето на ЛШ или ЛЕ таа на крајот и го освојува трофејот.
Неверојатната серија на шпанските екипи започна во 2002 година кога Реал Мадрид триумфира во ЛШ, а продолжи со Валенсија во 2004 (Куп на УЕФА), Севиља 2006 (Куп на УЕФА), Барселона 2006 (ЛШ), Барселона 2009 (ЛШ), Атлетико Мадрид 2010 (Куп на УЕФА), Барселона 2011 (ЛШ), Севиља 2914 (ЛЕ), Барселона 2015 (ЛШ), Севиља 2016 (ЛЕ), Реал Мадрид 2017 (ЛШ), Атлетико Мадрид 2018 (ЛЕ), Реал Мадрид 2018 (ЛШ) и Севиља 2020 (ЛЕ).
Последен шпански тим кој загубил во европско финале е Валенсија која во 2001 година загуби на пенали од Баерн Минхен во ЛШ.