Неверојатно: Потпретседател е на држава, го бара Интерпол, има 50 деца и на 60 години заигра фудбал

Рони Брунсвијк е човек со богато и контроверзно минато/фото: Printskrin YouTube FOX Sports MX

Многу работи се видени во фудбалот, но некој како што е Рони Брунсвијк досега немало.
Брунсвијк е потпретседател на Суринам, осуден дилер, баран со потерница од Интерпол, татко на најмалку 50 деца и сега на 60 години заигра фудбал и тоа за клубот чиј сопственик е.


На натпреварот од осминафиналето на Лигата Конкакаф (која е пандан на Лигата на Европа во конфедерацијата на Средна и Северна Америка) помеѓу Интер од Суринам и Олимпија од Хондурас, од првата минута за домашниот тим играше Рони Брунсвијк.


Тој одигра 54 минути за Интер Мунготапу на мечот против Олимпија на возраст од 60 години и 168 дена, на стадионот кој го носи неговото име, а во тимот беше и неговиот син Дамијан. На крајот неговиот тим загуби со убедливи 0:6.

Рони Брунсвијк е човек со богато и контроверзно минато. Тој е поранешен бунтовник во Суринам во 1980-тите години, осуден дилер на дрога додека беше во Еворпа, а се наоѓа и на црвена потерница на Интерпол поради обвиненија за трговија со дрога и поврзаност со терористички и герилски организации. Во Холандија има извршено повеќе оружени грабежи во 1980-тите години.

Брунсвијк се наоѓа на црвена потерница на Интерпол

Сепак, Брунсвијк во својата држава има политичка заштита, тиј е потпретседател на Суринам и не може да биде уапсен.
Според медиумите тој е сопственик и на рудник за злато како и дека има 50 деца, а сега во својата „богата“ биографија додаде дека на 60 години стана фудбалер.

 

Видео на денот