НЕВЕРОЈАТНО: Поранешна сопруга нарачала убиство на турски репрезентативец, животот му го спасил нејзиниот љубовник
Неверојатна приказна ни доаѓа од Турција и според која слободно може да се направи телевизиска сапуница.
Поранешниот турски репрезентативец Емре Ашик изминатите неколку недели преживуваше вистинска животна драма.
Главни актери во приказната се Емре Ашик и неговата поранешна сопруга Јагмур Ашик која е обвинета за планирање и обид за убиство.
27-годишната Јагмур Ашик и 19 години постариот Емре беа во брак осум години, а откако поранешниот фудбалер ги потпиша документите за развод, таа се обиде да го ликвидира.
Таа нарачала убиство на Емре, а за приказната да биде како во телевизиските сапуници, животот на фудбалерот му го спасил љубовникот на Јагмур.
– Имав афера со Јагмур. Таа само размислуваше како да дојде до парите по неговата смрт. Бараше од мене да го убијам, но јас одбив. Еднаш ми донесе парче месо и бараше да пукам во него. Го сторив тоа, но и реков на Јагмур: „Не можеш да го направиш тоа“. Потоа беше многу бесна – изјави љубовникот на Јагмур, Ерди Сунгур пред турските обвинители.
Јагмур испланирала се, успеала да набави оружје и откако била одбиена од љубовникот, таа се обидела да најми платен убиец на кого му понудила 1.2 милиони долари. За среќа на поранешниот фудбалер, љубовникот не можел да молчи и со приказната излегол во јавноста за да го спаси животот на Емре Ашик кој со Јагмур имаат три деца.