„Неверојатно олеснување“: Девојчето кое исчезна во Србија пронајдено во лозје, живо и здраво

Градинката од која исчезнало девојчето / фото: Нова.рс

Петгодишната Нина Анѓелиќ од српскиот град Кладово, кое денеска исчезна од градинката во која одело, а по него трагаше цел град, е пронајдено околу 17 часот и 40 минути во лозје покрај локалниот пат меѓу Кладово и Костолац, јавија српските медиуми.

Според првичните информации, девојчето, за кое неговата мајка откри дека слабо комуницира за неговата возраст, не е повредено.

Нина исчезна околу десет часот претпладнево, кога ја немало во групата деца што се вратиле во градинката откако играле во дворот. Стотици полицајци и жители на Кладово учествуваа во потрагата. Еден од полицајците кои го бараа девојчето, за српските медиуми изјави дека пронаоѓањето на Нина било „неверојатно олеснување“.

Видео на денот