Неверојатно: Одбојкарки на репрезентацијата на БиХ спиеле во подрум и тоа во Сараево

Принтскрин/Инстаграм

Женската одбојкарска репрезентација на Босна и Херцеговина по пристигнувањето во својата земја се соочи со необичен проблем поради кој одбојкарките морале да спијат во подрум.

Одбојкарките од 20 август до 10 септември ги очекува за настап во квалификациите за пласман на ЕП, но тие се подготвуваат во мизерни услови и откако минатата недела објавија фотографии на кои тие сами си ја перат опремата, потоа како спијат во автобус, сега на социјалните мрежи се појави фотографија која докажува во какви мизери услови се подготвуваат за квалификациите, тие спијат во подрум.

– Патувањето кое започна од Илијаш, Македонија, Црна Гора, Романија и треба да заврши во Сараево, пристигнуваме во хотелот каде што поради недостаток на соби спиеме во подрум, браво. И благодарам на нашата земја за големата поддршка и овие услови. Чест и задоволство е да ја претставувам Босна и Херцеговина во квалификациите за ЕП – напиша репрезентативката Милана Божиќ на својот профил на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот