НЕВЕРОЈАТНО: Левандовски откри зошто не ја освои „Златната топка“! (ФОТО)

twitter.com/iMiaSanMia

Полскиот голгетер (31) од ноември минатата до истиот месец оваа година постигна 62 голови, но тоа не му беше доволно да биде подобро пласиран на конечната листа кандидати за „Златната топка“.

– Што да направам за да можам следната година да бидам подобропласиран? Морам да имам уште подобри бројки. Од причина што доаѓам од Полска свесен сум дека морам да бидам задоволен и со позицијата која ја добив оваа година – рече Левандовски.

Новинарите ширум светот му дадоа на напаѓачот на Баварците вкупно 44 поени.

– Резултатите од гласањето со такво големо гласачко тело секогаш треба да се земаат со резерва. Затоа не очекував повисоко место. Верувам дека тоа што го покажувам оваа сезона, така ќе биде и во наредната. Затоа сум мирен, не сум разочаран. Повторувам, навистина среќен што воопшто сум тука во Париз со одлични фудбалери – додаде полскиот репрезентативец.

Од 2014 година за Баерн има 172 натпревари и 144 голови, за селекцијата на Полска 112 мечеви и 61 погодок.

Заврши на второто место на листата најдобри стрелци за сезоната 2018/19 во сите домашни и УЕФА натпреварувања со 40 голови, зад Лионел Меси (51).

Моментно е најдобар стрелец во Бундес лигата со 16 голови во тековната сезона 2019/2020.

ТЕКОВНА СЕЗОНА 2019/2020
Топ 5 европски лиги

„Ла Лига“ (Шпанија) после 15 кола
Карим Бензема (Реал Мадрид) 10 голови

„Серија А“ (Италија) после 14 кола
Чиро Имобиле (Лацио) 17 голови

„Премиер лига“ (Англија) после 14 кола
Џејми Варди (Лестер сити) 13 голови

„Бундес лига“ (Германија) после 13 кола
Роберт Левандовски (Баерн Минхен) 16 голови

„Лига 1“ (Франција) после 15 кола
Муса Дембеле (Лион) 10 голови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот