НЕВЕРОЈАТНО: Грбав кит најмалку пет метри долг плови по Темза (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Грбавиот кит, кој е најмалку пет метри долг, е забележан вчера во реката Темза, близу Лондон, скоро една година откако во близина на британската престолнина беше видена белуга – бел кит.

„Сигурни сме 99.99 отсто дека се работи за грбав кит. Многу луѓе го видоа“, изјавил портпаролот на лондонската служба која ја надгледува реката. Белугата која во Темза се појавила пред една година ја именувале Бени и во таа река поминала повеќе од три месеци, потсетува Ројтерс.

„Тоа сега не е Бени, ова не беше белуга“, кажал портпаролот.

Грбавите китови, кои некогаш биле масовно ловени, заради високо ценетата маст, можат да достигнат тежина до 40 тони и да пораснат до 18 метри.

Тој вид на китови мигрира преку десетина илјади километри годишно помеѓу различни локации на Арктикот, богати со храна и места за размножување во тропските води.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот