НЕВЕРОЈАТНО: Фудбалерите на Салцбург и при прослава на триумфот во Купот држат растојание (ВИДЕО)

Екипата на Ред Бул Салцбург вчера триумфира во финалето на австрискиот куп откако со убедливи 5:0 го совлада тимот на Лустенау.

Но, поимпресивно од убедливата победа беше начинот на прослава на триумфот, Австријците уште еднаш покажаа колку сериозно ја сфаќаат ситуацијата со пандемијата на коронавирусот.

Имено, тие на победничкиот пиедестал беа одвоени на „безбедно“ растојание и сите од своето обележано место скокаа и пееја додека капитенот го креваше пехарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот