Неверојатно: Дури девет екипи летово одбиле да го ангажираат Роналдо

Кристијано Роналдо ја откри целата вистина околу неговата ситуација на „Олд Трафорд“/фото: EPA-EFE/Peter Powell

Кристијано Роналдо се обидува на секој начин да си замине од Манчестер јунајтед, но никако не може да најде клуб и дури девет екипи одбиле да го ангажираат Португалецот.

Италијанскиот новинар Танкреди Палмери денеска објави неверојатна вест, агентот на Португалецот Жорге Мендеш го понудил Роналдо на девет екипи и од сите нив добил корпа.
Последни екипи што се заблагодариле на понудата на Мендеш се последните два шампиони во Серија А, Милан и Интер.

Екипите на Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Јувентус и ПСЖ веднаш го одбија Мендеш, а најсериозни беа шекулациите со Атлетико Мадрид.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне беше сериозно загреан да го донесе Роналдо, но проблем претставуваше лошата финансиска ситуација каоко и отпорот на навивачите кои не сакаа поранешен фудбалер на Реал Мадрид да игра за нивниот тим. Исто така и Челси пројавуваше интерес на почетокот, но веднаш се откажа.

Единствен тим што е подготвен да го ангажира Роналдо е неговиот матичен тим, односно клубот во кој ја започна професионалната кариера, Спортинг Лисабон, но Португалецот сака барем уште две сезони да игра во врвен тим.

Роналдо нема намера да остане уште една сезона во Манчестер јунајтед бидејќи смета дека екипата нема квалитет да се бори за титулата во Премиер лигата, а доказ за тоа се поразите во првите две кола од Брајтон и Брентфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот