Неверојатно: Буфон се враќа во Јувентус!?

EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Торинскиот клуб е подготвен за услугите на Буфон да плати четири милиони евра годишно со потпишување на едногодишен договор.

За потсетување, договорот на Буфон со парискиот клуб истекува на 30 јуни и самиот голман потврди дека си заминува од парискиот клуб.

Неговиот агент Силвано Мартин забележа дека враќањето на играчот во Јувентус е само идеја.

Јувентус планира по завршување на кариерата, Буфон да остане во клубот и да работи како тренер на голманите.

Од претходно славниот Џиџи кој ги имаше најголемите успеси токму со „Старата дама“ се поврзува со други клубови како Порто, па и со Лидс каде што настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот