НЕВЕРОЈАТНО: Барселона го нуди „Камп Ноу“ на претседателот на Реал Мадрид

википедиа

Каталонскиот тим бара спонзор за својот легендарен стадион и тропна на најнеочекуваното место.

Во понеделникот Барселона објави дека планира да ги продаде правата за својот легендарен стадион „Камп Ноу“за следната сезона.

Ова е прв пат во историјата Барселона да го менува името на својот стадион кој е изграден 1957 година, а од управата изјавија дека на ваков чекор се одлучија за да помогнат во борбата со коронавирусот.

Барселона е повеќе од клуб. Ние сме горди на тој статус и сакаме да го задржиме – вели портпаролот на Барслеона, Хосе Вивас.

Веднаш по овие зборови на портпаролот на Барслеона, како гром од ведро небо во каталонските медиуми одекна веста дека клубот е подготвен правата на името на својот легендарен стадион да го понуди на претседателот на најомразениот клуб Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Поточно, Барселона доставила понуда за спонзорство до една од најголемите европски градежни компании АЦС чиј претседател и најголем акционер (12.5%) е токму првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
АЦС има годишен приход од 35 милијарди евра и има повеќе од 210.000 вработени.

Доколку се согласат стадионот да се вика „Камп Ноу АЦС“ нема никакви проблеми. Ние сме отворени за соработка со сите компании – додава Вивас.

Освен компанијата на Перез во игра за добивање на спонзорскиот договор е и производителот на спортска опрема „Најки“, а стадионот би се нарекувал „Air Camp Nou“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот