Неверојатниот живот на Маја Плисетскаја, на турнеи одела гладна, а морала редовно да игра пред човекот кој го стрелал татко ѝ

профимедиа

Ѕвездата на Бољшој била ќерка на народен херој кој Сталин го убил поради предавство. Десет години пооцна, Плисецка морала редовно да игра пред човекот кој татко ѝ го стрелал, а мајка ѝ ја испратил во логор. Од Москва си заминала поради фактот што КГБ насекаде ја следел. 

Добар дел од својот живот го пренела во мемоарите „Јас, Маја Плисецкаја“, а во добар дел од книгата го опишувала животот на врвна балерина под советскиот режим. Но, како што е случајот со холокаустот, секоја советска судбина била поинаква.

До која мера судбината на Маја е вознемирувачка, се опишува во сеќавањата на ноќта кога ѝ го одвеле татко ѝ. Маја имала 11 години, била слаба и преплашена, потполно несвесна што се случува. Мајка ѝ ја одвеле на робија. Била уапсена една вечер, додека ја носела Маја во Бољшој театарот, на балет во кој играла нејзината тетка.

Фејсбук

„Се обидувам да се сетам како таа вечер завршив сама во театарот. Без мама, со голем букет мимози за тетка ми“, пишувала Маја во мемоарите. На Маја ѝ дозволиле да ја посети мајка си дури после две години. Ѝ дозволиле и на мајка ѝ, таму, пред останатите луѓе во логорот да ја одигра сцената од „Лебедово езеро“. Неколку пати Плисецка изјавила дека не знае како би изгледал нејзиниот живот, односно што точно би направиле советските власти со неа, ако Чајковски го немал напишано „Лебедово езеро“.

Маја Плисецкаја родена е во Москва 1925 година, и била една од најголемите балерини на 20.век. На Бољшој се придружила во 1943. и веднаш се наметнала како една од најголемите балерини на својата генерација. Брилијантна во големите класични улоги, играла во театарот Бољшој речиси 50 години и надалеку ја надминала возраста во која класичните балерини одат во пензија.

Трагично детство

Била родена како Маја Михајловна Плисетскаја, во семејство во кое балетот имал голема традиција. Татко ѝ Михаел бил инженер и комунист по потекло од Белорусија, а мајка ѝ Рахил, била филмска глумица од кланот Месерерс кои биле членови на театарот Бољшој. Нејзината тетка Суламиф била меѓу првите врвни балерини на Советскиот сојуз. На деветгодишна возраст Маја почнала да игра балет во балетско училиште, била многу талентирана. Три години подоцна нејзиниот татко е уапсен и убиен, а мајка ѝ била испратена во работен логор во Казахстан како сопруга на нерпијателот на народот.

Тетката на Маја, Суламиф, се грижела за девојчето, а нејзинот маж Асаф ја презел грижата за братот на Маја кој исто така завршил балетско училиште.

Најголемата балерина на сите времиња завршила балетско училиште и покрај настаните кои биле против неа. Веднаш, во Бољшој, добила ранг на примабалерина зашто таков талент, убавина и грациозност биле вистинска реткост. Балетот ја спасил од прогонство и затоа на својата професија го посветила целиот свој живот, танцувајќи и во староста, а ќе танцува се додека е жива.

Маја и Галина Уланова, две прочуени балерини. Фото Фејсбук

На 84 годишна возраст, козметичката куќа L’Oreal ја ангажирала токму Плисецка за рекламно лице. Самата Плисецка својата старост не ја чувствувала, а ни луѓето околу неа не ја чувствувале нејзината возраст. Со витка фигура, нежна, но многу харизматична, Маја Плисецка имала насмевка која освојува и очи кој под дебелиот слој на шминка пламтат со животна страст и радост како да се работи за 20 годишна девојка.

Борите ѝ биле тука, но таа со гордост ги носела.

Инаку, со висината од 167 сантиметри, отскокнувала од просечните балерини.

Фејсбук

Танцувала и на 80 годишна возраст

Не се предавала на возраста, на својот 83 роденден танцувала во Париз на еден роденден на повик од долгогодишен пријател – модниот дизајнер Пјер Карден, кој исто така, длабоко зачекорил во 80та година. Неколку години претходно, го прославила својот роденден танцувајќи во театарот Бољшој. Била многу скромна, а живеела живот на добростоечка пензионерка.

Мемоарите „Јас, Маја Плисецка“ кои ги напишала сама, излегле од печат во 1994 година.

профимедиа

Љубовен живот

Во 1956 година се омажила за балетскиот солист Марис Липа (1936-1989), но три месеци подоцна тие се развеле. Само две години подоцна се омажила со композиторот Родион Шчедрин (роден 1932 година). Немале деца, а семејството Шчедрин и Плисецкаја биле едни од ретките во кои двајцата сопружници биле носители на почесната титула Народен уметник на СССР.

Во 1999 година, весникот „Московски Комсомолец“ објави напис „Здраво, јас сум ќерка на Маја Плисецкаја“, каде се тврдеше дека Плисецка имала нелегитимна ќерка, Јулија Глаговскаја, од нејзината врска со агентот на КГБ, Борис Глаговски.  Адвокатите на балерината поднеле барање за заштита на честа и достоинството во Окружниот суд во Москва, кој го задоволил барањето на балерината во мај истата година, пресудувајќи дека таа нема ќерка.

Да се биде Маја Плисетскаја не е воопшто лесно, но не е лесно ни да се биде нејзин сопруг. Ова признание го забележал во биогафски запис познати руски композитор Родион Шчедрин, животниот сопатник на најславната балерина на 20. век.

Родион со сопругата Маја, фото Фејсбук

Судбоносната средба на Плисетскаја и Шчедрин се случила под покривот на Љиља Брик, големата љубов и муза на поетот Владимир Мајаковски. Се венќале на 2 октомври 1958, после страсната романса која била будно следена од КГБ. Иако била веќе ѕвезда на Бољшој и позната надалеку низ светот, во тоа време била во немилост и многу тешко го преживувала фактот што групата на гостувања патува без неа.

Заедно со сопругот тргнале во освојување на уметничкиот олимп, но секој си градел сопствен пат, полн со признанија и публика, но и критики и оспорувања. Пред да ја запознае Маја, Шчедрин не се грижел многу за балетот, а страста кон музиката за танц му ја разгорела токму Маја. За својата сопруга често знаел да каже дека е жена од друга планета.

Во 90-те години парот се преселил во Минхен кадешто продолжиле да живеат. Плисетскаја починала од срцев удар во мај, 2015 година, во Минхен, на возраст од 89 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот