Неверојатниот пат до првиот трофеј за Лопетеги: Доби отказ пред СП 2018, беше тренер на Реал на 14 натпревари, а сега направи чудо со Севиља

Премиер лигата е новиот предизвик на Хулен Лопетеги/фото: EPA-EFE/Ina Fassbender

Шпанскиот тим вчеравечер по шести пат триумфира во Лигата на Европа откако во финалето го совлада Интер со 3:2.

Никој не беше посреќен по победата на Севиља од тренерот на шпанскиот тим Хулен Лопетеги кој по последнио свиреж на судијата, заплака.

– Ова е многу посебно. Секогаш е посебно да се освои трофеј. Имавме три пенали во првите пет минути против нас во последните три натпревари, но екипата никогаш не се предава – изјави Лопетеги по победата.

За одличната работа на Лопетеги сезонава најдобар доказ е тоа што Севиља нема пораз од јануари годинава, откако испадна во Шпанскиот куп од Мирандес. Оттогаш никој не ги победи, а на завршниот турнир во ЛЕ ги совладаа екипите на Рома, Вулверхемптон, Манчестер јунајтед и во финалето Интер.

Исто така е импресивно и што дури девет од 11 играчи од првиот тим кој играше против Интер, не беше во клубот пред оваа сезона, но Лопетеги успеа да создаде заедништво и одлична хемија меѓу фудбалерите и тоа беше наградено со трофеј.

Хулен Лопетеги
Хулен Лопетеги/ EPA-EFE/Friedemann Vogel

Интересно е што ова е прв трофеј во кариерата на 53-годишниот тренер и претставува најголема сатисфакција за Лопетеги по се што му се случуваше во последните две години.


Лопетеги на само два дена пред стартот на Светското првенство во Русија 2018 година доби отказ. Причината за отказот е бидејќи зад грб на Шпанската фудбалска федерација се договори со Реал Мадрид веднаш по завршување на Мундијалот на седне на клупата на „кралскиот“ клуб. Челниците на Федерацијата не можеа да му ги простат предавството и го отпуштија, а Шпанија која беше еден од главните фаворити за титулата стигна само до осминафиналето.

Но и во Реал Мадрид имаше неславна авантура. Лопетеги на Реал Мадрид беше тренер само 14 натпревари по што доби отказ. Остатокот од сезоната го помина одморајќи пред минатото лето да седне на клупата на Севиља и за една сезона да направи вистинско фудбалско чудо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот