Неверојатниот Хоакин Феникс и официјално повторно ќе го игра Џокер!

Фотографија: Profimedia

Како неверојатен успех во 2019, психолошкиот трилер на Тод Филипс стана еден од најпрофитабилните и најбрзо растечките R-rated филмови на сите времиња, надминувајќи ги претходните рекордери Deadpool 2 и It.

Филмот нурна длабоко во испревртената психа на Артур Флек, ликот на Финикс, и ги восхити сите со своите интелегентни предмети и нежен пристап и справување со менталното здравје.

Profimedia

Додека крајот на „Џокер“ ги остави фановите со повеќе прашања отколку одговори, изгледа дека ова би можело набрзо да се реши. Според The Hollywood Reporter, Филипс и Феникс потпишале за „Џокер 2“.

Сајтот објаснува: „Ворнерс има опции за продолжение за ѕвездата на Џокер, Хоакин Феникс, кој се појави како силен натпреварувач во трката за Оскар – најдобар актер. Студиото и Филипс и претставници на CCA одбиле да коментираат“.

Иако Warner Bros. имаше потешкотии со филмови како „Justice League“ и „Shazam“, „Џокер“ искочи 4-та сопственост на DC што надмина 1 милијарда долари.

Profimedia

Публиката веќе повикува за продолжение на „Џокер“. Со „Џокер 2“ на пат, ќе следат очигледни прашања дали ова ќе се поврзе во провдлабочување на DC световите и улогата на Роберт Патинсон како Темниот Витез во „Бетмен“ на Мат Ривс.

Исто така има гласини дека Филипс може да биде подготвен да развие цело портфолио на DC филмови и да им даде на многубројни познати стрип-ликови, нивна сопствена „грозна“ приказна на потекло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот