Неверојатниот гол на деценијата му донесе нов прекар, Соналдо (ВИДЕО)

EPA-EFE/NEIL HALL

Екипата на Тотенхем со 5:0 го декласира Барнли, а натпреварот го одбележа неверојатниот гол на Хјонг Мин Сон кој е вистинско ремек дело, нешто невидено од времето на Бразилецот Роналдо и на Марадона.

Сон ја прими топката кај својот шеснаесетник и со фантастична контрола на топката и брзина успеа да помине неколку фудбалери на Барнли за на крајот да зголеми на 3:0 што предизвика делириум кај навивачите.

– И пред да го постигне овој гол, мојоит син Сон го нарекува Соналдо Назарио. Во саботата беше токму Соналдо Назарио. Прво што ми падна на ум е голот кој имав чест да го видам во живо бидејќи седев покрај Боби Робсон и гледав како Роналдо ја добива топката во својата половина и потоа се впушта во спринг и дава неверојатен гол, идентичен каков што сега постигна Сон – е воодушевен Мурињо од својот фудбалер.


Освен со голот на Роналдо, ова ремек дело на Сон е речиси идентично и на голот на Диего Марадона на СП 1986 година кога Аргентинецот „нанижа“ дури шест репрезентативци на Англија пред да го совлада Питер Шилтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот