Неверојатниот Дончиќ руши рекорди во НБА (ВИДЕО)

Фото: twitter/Mavs PR

Бекот на Далас маверикс, Лука Дончиќ не може да биде запрен ниту од пандемијата на коронавирусот и продолжува да руши рекорди. Дончиќ оствари трипл-дабл од 34 поени, 20 скокови и 12 асистенции во победата на неговиот тим од 114:110 над Сакраменто.
Дончиќ стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата кој остварил трипл-дал со најмалку 30 поени и 20 скокови.

Неверојатна вечер имаше и Кармело Ентони кој со 14 поени во последната четвртина го предводеше Портланд во победата од 110:102 над Хјустон. Одлична партија имаа и Демиен Лилард кој даде 21 поен и Јусуф Нуркиќ кој оствари дабл-дабл од 18 поени и 19 скока. Со оваа победа Портланд дојде до деветтото место во Западната конференција и има само 1.5 победи помалку од осмиот Мемфис.

Резултати :
Милвоки – Бруклин 116:119
Сакраменто – Далас 110:114
ЛА клиперс – Феникс 115:117
Индијана – Орландо 120:109
Мајами – Бостон 112:106
Портланд – Хјустон 110:102

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот