Неверојатни снимки со дрон направени вчера над Скопје (ВИДЕО)

Владата донесе одлука за време на викендите да се воведе забрана за движење на целата територија на државата од 16 до 5 часот, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Скопје центар, 28 март 2020, 15 часот / Фото: Слободен печат – Арбнора Мемети /

Улиците на Скопје и градовите ширум Македонија се празни, но кога го гледаме тоа со сопствени очи глетката е навистина неверојатна, бидејќи за прват во нашата историја сме сведоци на вакви рестрикции.

Плоштадот во Скопје, 28 март 2020, 15 часот / Фото: Слободен печат – Арбнора Мемети /

Така, на социјалните медиуми вирално се споделува снимка со дрон, надополнето со мистична музика, што ги натера твитерџиите да се пошегуваат дека вчерашната скопска атмосферата потсеќа на кадрите од популарната серија „Чернобил“.

Погледнете го видеото направено вчера околу 17 часот од Тео Ангеловски:

Погледнете го и ова видео над Главниот град направено вчера за време на полицискиот час од снимателот Бубе Домазетов кој во објавата напиша „Потажно снимање од ова сум немал“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот