Неверојатни сцени во октагонот: ММА борец по победата му се нафрли на судијата (ВИДЕО)

ММА борецот Ахмад Ал Дармаки направи неверојатна глупост на својот последен настап поради кој остана без победата.

Борецот од Обединетите Арапски Емирати на борба во неговата земја имаше одлична борба против Богдан Кириленко, тој кон крајот на првата рунда успеа со гушење да го натера противникот да ја предаде борбата. Но, тогаш се случија неверојатни сцени во ММА спортот.

Еден од најдобрите судии во ММА, Марк Годард, откако виде дека Кириленко тапка и ја предава борбата, тргна да ги раздвои борците, но Ал Дармаки не престана да го гуши својот противник. Судијата Гордард мораше да употреби сила за да ги раздвои борците, а потоа нервозниот Ал Дармаки почна да се бутка со судијата и сакаше да го фати за вратот.

Откако се раздвоија, Ал Дармаки почна да ја слави победата, но неговата радост кратко траеше бидејќи судијата го дисквалификува и му ја одзеде победата.

Прочитајте и...  ЕХФ одлучи: Женското ЕП ќе се игра само во Данска

Поврзани вести

Ојлески: Одиме да играме европски ракомет против Рајн Некар Левен!

Слободен печат

НБА: Казинс една година во дресот на Хјустон рокетс!

Слободен печат

Реал и Интер пред размена на играчи вредна 100 милиони евра!?

Слободен печат

ВИДЕО | Тасевски: Тешко е да се игра без публика, но се адаптираме

Слободен печат

АБА Лига: Црвена звезда го доби неизвесното вечно дерби со Партизан

Слободен печат

Саутемптон ја испушти победата против Вулверхемптон

Слободен печат

Остави Коментар