НЕВЕРОЈАТНИ БРОЈКИ: Во 2019 година потрошени неверојатни 7.3 милијарди долари за трансфери

twitter/BBC Sport

ФИФА направи детална статистика на трансферите за минатата година.

Фудбалот е најважната споредна работа, но полека фудбалската топка и случувањата околу неа стануваат нешто повеќе. Од година во година се повеќе пари влегуваат во фудбалот, а минатата 2019 година е рекордна во историјата кога станува збор за потрошени пари за трансфери на фудбалери.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) направи статистика која покажа дека во 2019 година, екипите ширум светот потрошиле неверојатни 7.34 милијарди долари (5.6 милијарди фунти) за трансфери.
Оваа бројка е за 5.8% поголема од таа од 2018 година.

Очекувано, најголеми трошаџии се Англичаните кои во 2019 година издвоија 1.5 милијарди фунти за купување на нови фудбалери, но интересно е што оваа сума е за 22 проценти помала од таа од 2018 година, но и покрај тоа се лидери во одност на останатите лиги.

Според извештајот на ФИФА, во 2018 година се реализирани рекордни 18.042 трансфери, а дури 15.463 фудбалери од 178 земји биле вклучени во трансфери од клубови во клубови или како слободни играчи потпишуваа договори, додека останатите се трансфери во кои фидбалерите потпишуваа нови договори со актуелните екипи.

Водечка земја по број на фудбалери кои ги замениле екипите е Бразил (306), втора е Германија (144), а трета е Шпанија (130)…

– Навистина е одлично да се видат нови рекордни бројки на трансфер пазарот кога станува збор за фудбалерите – изјави Емилио Гарсија Силверо, еден од водечките аналитичари на ФИФА.

ФИФА исто така објави дека се зголемени вложувањата и во женскиот фудбал за дури 16.3 проценти во однос на минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот