Неверојатни бројки околу Супербоул 55: 17 милиони Американци нема да одат на работа, ќе се потрошат 1.3 милијарди долари за пиво

epa08985815 People arrive at the Tampa Convention Center ahead of the NFL Super Bowl LV in Tampa, Florida, USA, 03 February 2021. The AFC Champion Kansas City Chiefs and the NFC Champion Tampa Bay Buccaneers will face off in NFL Super Bowl LV at Raymond James Stadium on 07 February 2021. EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Спортски настан број еден во САД без конкуренција е популарниот Супербоул, или финалето во НФЛ лигата.

Вечерва (00:30 ч.) во финалето на Супербоулот кое ќе се игра во Тампа, ќе се сретнат актуелниот шампион Канзас сити чифс и Тампа Беј баканирс и тоа ќе претставува дуел на квотербековите Патрик Махомс и Том Брејди.

Освен што Супербоул е спортски настан број еден во САД, се што се случува околу овој натпревар е вистински спектакл кој генерира неколку милијарди долари за еден ден.

Супербоул натпреварот традиционално се одржува во првиот викенд од февруари и во него играат шампионите на Американската фудбалска конференција (АФЛ) и Националната фудбалска конференција (НФЛ).

Првиот Супербоул се одржа 1967 година и на него славеше Грин Беј пекерс кој со 35:10 го совлада токму Канзас сити. Оттогаш се одржани 54. спектакли, а вечерва во Тампа ќе биде 55. издание на Супербоул.

Организаторот на Супербоул, оваа година е градот Тампа ќе заработи околу 600 милиони долари, а додека 30 секунди реклама за време на вечерашниот Супербоул ќе чини 5.5 милиони долари,

Се проценува дека вечерашната пресметка помеѓу Канзас сити и Тампа Беј ќе ја гледаат 186.8 милиони жители на САД кој според пописот од 2019 година има 328.2 милиони жители.

Освен што е спортски настан број еден, бројките кои одат со Супербоул се неверојатни:
– 10821 калории просечно внесуваат Американците за време на Супербоул.
– 1800 скалила мора да се искачат за да потрошат толкав број на калории.
За време на Супербоул просечно ќе се изедат 1.42 милијарди пилешки крилца во САД.
– За време на Супербоул просечно ќе се изедат 4.5 милиони килограми на печени ребра во САД.
– За време на Супербоул просечно ќе се изедат 12.7 милиони килограми чипсови во САД.
– За 55% ќе се зголеми продажбата на пица во однос на било која друга недела за време на годината.
– Ќе се порачаат 12.7 милиони пици за време на Супербоул.
– Ќе се испијат 51.7 милиони пива во САД.
– Американците ќе потрошат 1.3 милијарди долари за пиво.
– Ќе се потрошат околу 597 милиони долари на вино.
– Ќе се потрошат нешто повеќе од 500 милиони долари на жестоки алкохолни пијалоци..
– 17 милиони Американци во понеделник нема да одат на работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот