Неверојатни бројки: Ајакс од продажба на фудбалери заработи околу 250 милиони евра за една година

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Холандскиот шампион продаде дури 13 фудбалери во последните 12 месеци.

Последно име кое си замина од редовите на Ајакс е мариканскиот репрезентативец Хаким Зијеш чиј трансфер во Челси денеска го потврдија и двете екипи.

Екипата која минатата година беше вистински хит во Европа и само секунди ја делеа од пласман во финалето на Лигата на шампионите, во последните година дена продаде дури 13 фудбалери од кои заработи речиси 250 милиони евра.

Холандскиот тим највеќе заработи од продажбата на Френки де Јонг и Матијс де Лихт (по 75 милиони евра) на Барселона односно Јувентус, додека денешниот трансфер на Зијеш е трет најголем во последните 12 месеци за Ајакс.

Трансфери на Ајакс:
Френки де Јонг – 75 милиони евра + 11 милиони евра бонуси
Матијс де Лихт – 75 милиони евра
Макси Вебер – 10.5 милиони евра
Дејли Синкгравен 5 милиони евра
Вацлав Черни – 900.000 евра
Расмус Кристенсен – 5 милиони евра
Ласе Шоне – 1.5 милиони евра
Каспер Долберг – 20 милиони евра
Дани де Вилт – 2 милиони евра
Матео Касиера – 2.5 милиони евра
Луис Мануел Орејуела – 1.35 милиони евра
Кај Сиерхус – 4 милиони евра
Хаким Зијеш – 40 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот