Неверојатната трансформација на Клои Кардашијан, која ѝ го промени личниот опис (ВИДЕО)

Instgaram

Не е тајна дека целиот Кардашијан-Џенер клан има правено пластични операции. Иако за операциите скоро сите дами молчат, всушност и нема нешто многу да се каже, бидејќи на сите им се јасни промените. Кајли и Ким дефинитивно највеќе подлегнале под ножот, но изгледа дека ќе ги престигне нивната сестра Клои Кардашијан, која со години беше нарекувана „грдото пајче“ во семејството.

View this post on Instagram

location: under bitches skiiiinnnnn ?

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Клои после болниот развод со кошаркарот Ламар Одом започна физички да се трансформира. Посебна трансформација доживеа нејзиното тело кое редовно го одржува со вежбање и здрава исхрана, па така Клои стана инспирација на многумина. Но, после многуте изневерувања што ги доживеа од таткото на своето дете, НБА кошаркарот Тристан Томсон, Клои започна да зачестува со третманите за разубавување и операциите, а последните нејзини фотографии ги шокираа сите.

Клои позира со темна коса и кожа, но целото внимание го доби нејзиниот никогаш потенок нос, нагласени јаболчници, зголемени усти, заби и неверојатно затегнати подочници. Со други зборови, Клои направи потполна трансформација!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот